TIPO HYBRID
СО 7-СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ
ПОВЕЌЕ ЗАБАВА
Лимитирана понуда
Ограничен број на возила на лагер
Финансирање на кредит без учество

TIPO HYBRID
СО 7-СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ
ПОВЕЌЕ ЗАБАВА
Лимитирана понуда
Ограничен број на возила на лагер
Финансирање на кредит без учество


НОВА ТЕХНОЛОГИЈА HYBRID 48V ОД FIAT
Зачекори во светот на електрификацијата со новото Tipo Hybrid. Новата технологија Fiat Hybrid 48V ти овозможува вистинско хибридното доживување како совршена алтернатива на моторите со внатрешно согорување: го комбинира новиот 1.5 турбо бензински мотор со 130 КС со втор електричен мотор од 48 V, интегриран во новиот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Електричниот мотор може да испорача дополнителни перформанси до 15 kW (20 КС) во различни фази од возењето: добиваш ефикасност и удобност, заедно со брзо и непречено менување на брзините.
ПАМЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА 100% ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ
Технологијата Fiat Hybrid поседува паметни решенија за автоматско функционирање во електричен режим. Подигни ја ногата од педалот за гас и активирај непречено, 100% електрично патување во сообраќајниот метеж при мали брзини. Благодарение на хибридната технологијата, рестартирањето на моторот е тивко и потпомогнато од електричниот мотор. Дополнително, технологијата e-Parking ти помага да изведуваш маневри за паркирање во електричен режим и без емисија на CO2.




ДОБАР И ЗА ТЕБЕ И ЗА ОКОЛИНАТА
Предностите на оваа технологија се гледаат веднаш: помалку издувни гасови и повеќе почит кон околината, помалку бучава, поголема удобност и забава благодарение на слеаноста на автоматскиот менувач и брзата реакција на напојувањето, помала потрошувачка. Овие карактеристики ја прават новата технологија на Tipo Hybrid, најдобар хибриден мотор од 48 V во неговиот сегмент, создаден за секојдневно возење низ градот но и да испорача врвни перформанси потребни за авантура.
ЗАБАВА ЗА СИТЕ
На новото Tipo Hybrid технологијата се гледа. Напредниот систем за информирање и забава располага со HD екран на допир од 7”. Системот е редизајниран со додавање на хибридни страници, за да ги држиш под контрола сите параметри на хибридното возење и ги интегрира гласовните и контролите на воланот со функциите на екранот на допир. Благодарение на Apple CarPlay / Android Auto mirroring имаш беспрекорна врска со твојот мобилен телефон за да располагаш со твоите контакти, музика и планови за патување каде и да одиш.







ВОЗИ ХИБРИД СО СТИЛ И НАЈДОБРА ТЕХНОЛОГИЈА
Возилата на лагер, подготвени за испорака веднаш, вклучуваат дарежлива опрема. Возете хибрид, но полн со стил и во максимална безбедност: со помош при одржување на правец во лента на движење, интелигентна помош за одржување на брзина, предупредување за замор кај возач, темпомат со ограничувач на брзина, автоматски клима-уред, потпирач за рака на предни седишта, лумбално подесување на возачко седиште со висинска регулација, поделено задно седиште, управувач и рачка на менувачот обложени во кожа и многу друго.
ОГРАНИЧЕНА ПОНУДА
Лимитирана понуда за ограничен број на возила на лагер.
Искористи финансирање на кредит без учество и рок на отплата до 7 години.
Hatchback верзија со 5 врати, 16″ челични тркала, дневни светла Full LED, предни светла за магла, браници во боја на каросерија, хромирано лого FIAT, активни капаци на предна маска, електрично регулирани ретровизори со грејач, сензор за светлина, сензор за дожд, браници во боја на каросерија, бела пастелна боја;
ESP+ABS, помош при одржување на правец во лента на движење, интелигентна помош за одржување на брзина, предупредување за замор кај возач, темпомат со ограничувач на брзина, електронска контрола на стабилноста, 6 воздушни перничиња, радио со 7″ екран на допир со DAB, Android Auto / Apple CarPlay mirroring, радио команди на управувач, USB-port;
Автоматски клима уред, потпирач за рака на предни седишта, лумбално подесување на возачко седиште со висинска регулација, поделено задно седиште, управувач и рачка на менувачот обложени во кожа, електрична регулација на предни и задни стакла;

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА
Понудата се однесува за ограничен број на Tipo HB Hybrid Entry 1.5 130 КС возила на лагер, достапни за испорака веднаш. Комбинирана потрошувачка кај оваа верзија 5.1 l/100 km; емисија на издувни гасови кај оваа верзија 115-117 г/км.
Финансирање на кредит преку ПроКредит банка – специјална еко понуда за електрични и хибридни возила: 4,9% фиксна каматна стапка за период од една година; Променлива каматна стапка (5% маргина + Т-биллс, не помалку од 7%) ; 0% сопствено учество, рок на отплата – 7 години, залог – автомобилот кој се купува, 1% провизија при исплата.
Фотографијата на автомобилот не е обврзувачка, за детални информации и понуда контактирајте го најблиското продажно место на Fiat.